ВИДЕО: САД зафатени од исклучително студен бран

Њујорк, 19 ноември 2014 (МИА) - Во сите 50 американски сојузни држави во текот на изминатата ноќ температурите беа на точката на смрзнување или под неа. Како последица на  студениот бран дојде до големи нарушувања во сообраќајот, а во некои делови на земјата проблеми предизвикува и обилниот снег.

Утринава најлоша беше состојбата во округот Ерие, на запад од државата Њујорк, каде падна 1,5 метар снег, што и натаму продолжува да паѓа.

Гувернерот на државата Њујорк, Андре Куомо, прогласи вонредна состојба во десет окрузи на запад од државата. Во овој дел од САД, за еден час паднаа околу 13 сантиметри снег.

Прогнозите велат дека снегот ќе продолжи да паѓа, а врнежите ќе се прошират и на Средниот запад и Средниот исток од земјата.

Интересен е податокот дека температурата падна под нулата и на Хаваите. Во подножјето на изгаснатиот вулкан Мауна Кеа живата во термометрите се спушти на минус еден. Ова е најстуденото американско утро уште од 1976 година.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...