Петмина муслимански милитанти во Тајланд осудени на смрт

Бангкок, 28 ноември 2014 (МИА) - Провинцискиот суд во Патам во јужниот дел на Тајланд во средата им изрекол смртни казни на петмина муслимани, обвинети за убиство на четворица војници во јули минатата година. Веста денеска ја пренесе тиражниот „Тај Рат“ кој пишува дека никој од официјалните претставници на судот не сакал да ја коментира пресудата.

Осудените се дел од бунтовничкото движење за автономија и отцепување на три тајландски провинции што се на границата со Малезија. Во нив живее претежно муслиманско население, а во над 100-годишниот период од нивната анексија од страна на Тајланд во судири со армијата, како и во честите меѓуетнички вооружени пресметки загинале илјадници лица, на двете страни.

Според Амнести интернешенел, на смртна казна во Тајланд во последниве 10 години се осудени 623 лица, од кои 51 жена. Најголем дел од осудените биле обвинети за криумчарење дрога.

Последната егзекуција на осудените на смрт во Тајланд е извршена во 2012 година, Повеќе пати во Парламентот на државата беше покренувана иницијатива за укинување на најтешката казна, но до сега без ефект.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...