Три жртви во судири меѓу полицијата и демонстранти во Каиро

Каиро, 28 ноември 2014 (МИА) - Најмалку три лица загинаа и десетици се повредени во жестоки судири меѓу полицијата и исламисти во главниот град на Египет. Судирите меѓу полицијата и приврзаници на соборениот од власт претседател Мохамед Морси почнале по петочната молитва.

Полицијата употребила солзавец, а организаторите - радикалното движење Салафистички фронт, соопштија дека „силите за безбедност отвориле оган и оти се убиени нивни членови“.

Западни медиуми јавуваат дека демонстрантите користат „молотови коктели“. Салафитскиот фронт преку интернет ги повика Египќаните денеска да учествуваат во „револуција на муслиманската младина“ чија цел е „враќање на исламските вредности, прекин на хегемонијата на Западот и симнување од власт на воената хунта“.

Армијата презеде контрола врз објекти од витална важност на територијата на целата држава додека над Каиро неколку пати прелетуваат полициски хеликоптери. Американски медиуми јавија дека двајца египетски офицери биле убиени денеска, а силите за безбедност уапсиле повеќе до 100 исламисти пред планираните антивладини демонстрации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...