Deutsche Welle

Сидата во Русија - подобар третман, повеќе инфицирани

Бројот на инфицирани од ХИВ во Русија се зголемува со години - иако за смртоносната болест денес постојат подобри лекови од порано.

„Се среќававме пет месеци и по некое време престанавме да користиме кондоми, според мотото: Си веруваме“, се сеќава Кирил Барски на тоа како се заразил со ХИВ. „Половина година подоцна кај мене почна акутната фаза, во класична форма“. Тогаш 18 годишното момче од Москва прво заболело од ангина, која траела повеќе недели. Кирил се нафрлал по целото тело, лимфните јазли му се воспалиле. Ослабел шест килограми и се потел толку многу, што морал да менува два до три чаршави, секоја вечер. „Мојата лекарка не сфати што се случува“, раскажува тој. „Едноставно не и влегуваше во глава дека едно момче, што изгледа така мило може да води сексуален живот, а уште помалку пак хомосексуален“.

Бесплатни лекарства, соодветна нега

Потоа дојде дијагнозата: ХИВ-позитивен. Му требале три месеци додека да разбере што се случува.

„Беше како во учебник: отфрлање, гнев, обид да се пазариш со судбината, депресија, прифаќање“, набројува мирно младото момче, како да не зборува за себе, туку за некој друг. Тој работи како доброволец во социјалниот центар „Чекори“, кој им помага на луѓе со слични судбини. „Во нашите групи за помош секоја недела доаѓаат пет до шест нови“, вели Кирил. „Во Русија има епидемија“.

Четири години откако се зарази тој се чувствува значително подобро и изгледа подобро. Причината за тоа е што Кирил навреме започна да користи антиретровирална терапија, медикаментозна стратегија за пациентите со ХИВ, со која треба да се намали прогресија на болеста. „Многумина во Русија мислат дека ХИВ значи смртна пресуда, дека антиретровирусните средства се многу скапи и дека можат да се купат само во САД“, вели Кирил. Тој имаше поинакво искуство: „сите лекарства се бесплатни, во клиниките не мора да се стои во редица“.

60.000 новоинфицирани годишно

Кирил Барски

И покрај тоа расте бројот на ХИВ инфицирани во Русија. Новите статистики кои секоја година се објавуваат на 1. декември, денот за борба против сидата, покажуваат растечка тенденција: „Од 1987 година во Русија се регистрирани 860.000 носители на вирусот“, рече Игор Пчелин, претседател на Серуското здружение за болните од сида. „Секоја година имаме околу 60.000 нови случаи“. Според податоците на ОН бројот на ХИВ инфекциите во Русија речиси се удвоил во изминатото столетие. Пчелин вели дека вкупно околу 130.000 Руси починале од сида.

Во споредба со 1990 третманот на пациентите со ХИВ е значително подобрен, смета Кирил Барски. „Најголемиот проблем е да се мотивираат луѓето да отидат во најблискиот центар за сида“, вели овој доброволец. „Некои не го прават тоа од страв, други живеат далеку“.

Недоверба кон западната фармацевтска индустрија

Додека порано повеќето инфекции со ХИВ беа предизвикани поради нечисти шприцови, сега поголемиот дел од заболените се инфицирале со вирусот преку полов однос, вели Игор Пчелин. Во метрополите Москва и Санкт Петербург тоа биле повеќе од половината од случаите. Причината била недоволната превентива од страна на државните власти, смета Пчелин: „Мора целно да се работи со ризичните групи“, вели експертот. Меѓутоа прво државата мора да признае дека нив ги има, смета Кирил Барски. Државата се однесува така како во Русија да нема на пример зависници од дрога или проститутки.

Дополнителен проблем се оние кои веруваат во теории на заговор, смета Пчелин. Тоа се луѓе кои се сомневаат во сидата: „Тие се уверени дека сидата ја измислиле фармацевтските концерни и ХИВ во реалноста не е опасен“, подвлекува експертот. На рускиот интернет само треба да се пребара комбинацијата „Нема сида“ и ќе се најдат десетици псевдо-научни страници за тоа. Ваквите погледи меѓу другото се причина зошто сѐ повеќе ХИВ позитивни жени во Русија за време на бременоста не земаат антиреторвирална терапија. Резултатот се ХИВ инфицирани деца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...