Методите на ЦИА им причинија штета на американските интереси

Вашингтон, 9 декември 2014 (МИА) - Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека контроверзните методи за сослушување на осомничените за тероризам, кои ги спроведувала Централната разузнавачка агенција (ЦИА), им причиниле огромна штета на американските интереси во светот и не придонеле за напорите во борбата против тероризмот.

Во пишаната изјава по објавувањето на извештајот од Сенатот за контроверзните методи на ЦИА, Обама истакнал дека се надева оти „тие ќе останат во минатото“.

- За ова да не биде уште една причина за обновување на старите спорови, се надевам дека денешниот извештај може да ни помогне овие техники да ги оставиме онаму каде што припаѓаат, во минатото, нагласи американскиот претседател.

Тој додаде дека документот на Сенатот ја претставува проблематичната програма на техники за сослушување на осомничените во тајни центри надвор од САД.

Комисијата за разузнавање во американскиот Сенат го објави денеска извештајот во кој се заклучува дека техниките за сослушување на ЦИА, употребени по терористичките напади од 11 септември 2001 година, не биле ефикасни и биле побрутални отколку што досега тврдеше разузнавачката агенција.

ЦИА и голем број високи функционери на американската администрација тврделе во минатото дека програмата била ефикасна и помогнала во откривање на терористички заговори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...