Deutsche Welle

ЦИА ги негира злосторствата

Извештајот на ЦИА на Сенатот во САД предизвика силна дискусија за улогата на американските тајни служби и нивните надлежности.

„ЦИА сега има огромен морален проблем“, вели експертот за безбедност Харлан Улман за ДВ. „Нејзините соработници мислеа дека го прават токму тоа што се очекуваше од нив. За нив е тоа уништувачка критика“, појаснува Улман во контекст на извештајот за ЦИА на американскиот Сенат, во кој тајните се обвинуваат за измачување.

Не само моралот на ЦИА е силно погоден, вели Улман, кој работел за НАТО и советува повеќе западни влади по безбедносни прашања. Во ЦИА била „оштетена способноста и натаму да ја извршува својата обврска“. Имено во иднина ќе биде помала подготвеноста на соработниците, по налог на владата да оперираат во правните сиви зони.

Пукнатини во владата на Обама

Извештајот на Сенатот на виделина ги изнесе и пукнатините во владата на американскиот претседател Барак Обама. Додека претседателот методите на сослушување ги нарекува со јасни зборови како „измачување“ и ги забрани веќе на вториот ден од почетокот на неговиот мандат, директорот на ЦИА Џон Бренан ги брани без воопшто да каже измачување.

За експертот за ЦИА од Вашингтон Џејмс Бамфорд ова одбивање е „класичен случај на психолошко негирање. Негирање на она што се случило. И Бренан учествуваше во тоа“, смета Бамфорд во контекст на тогашната позиција на Бренан. Кога делата се случуваа Џон Бренан веќе беше заменик директор на ЦИА.

Тој сега на прес-конференцијата што самиот ја свика тврдоглаво вели дека ЦИА по нападите од 11. септември „многу работи ги направи исправно“. Со тоа повторно зазема позиција спротивна на извештајот на Сенатот, кој генерално подига обвиненија против ЦИА за измачување и пречекорување на овластувањата. Меѓутоа Бренан истовремено изрази и самокритика и призна дека некои службеници на ЦИА примениле „гнасни“ методи на сослушување.

Тоа што шок-бранот од извештајот на Сенатот го подели дури и тимот за безбедносни прашања на претседателот Обама е доказ за тоа, колку е длабока збунетоста. Многу владини установи по 11. септември реагирале емоционално и владеела речиси хистерична атмосфера, вели Џозеф Випл, кој самиот работел за ЦИА. „Имаше чувство дека сето тоа се случило поради лоша работа на тајните служби и дека сакаат да го поправат тоа“, ја опишува тој тогашната психолошка состојба.

„Ако тогаш за вашите мерки добиете и правно покритие, тогаш сѐ може да излезе од рамките“, вели Випл. За грешки на раководните лица меѓутоа од страна на директорот на ЦИА Бренан на прес-конференцијата не можеше ништо да се чуе. „Њујорк Тајмс“ укажувајќи на опсежниот извештај на Сенатот наведува дека ЦИА со право може да се повика на насоките кои ги добила од Белата куќа. Имено тогашниот претседател Џорџ Буш шест денови по нападите и дал упатства на ЦИА да ги гони и апси осомничените за тероризам. Тој меѓутоа оставил отворено на кој начин и врз која правна основа. Како резултат на сето се отворија затвори во странство за осомничените да се затворат надвор од сферата на влијание на американското правосудство, освен тоа беа ангажирани и многу надворешни фирми за „валканите работи.“

Директорот на ЦИА Џон Бренан

Улогата на Буш

На 2. февруари 2002 година претседателот Буш нареди осомничените за тероризам од Ал Каеда да не бидат третирани како воени затвореници и согласно со тоа не би ја имале истата заштита. Така беше отворена портата за методите кои денес се дискутираа. Речиси два месеци подоцна, Буш според „Њујорк Тајмс“ го одобрил планот да се отвори таен затвор на ЦИА на Тајланд. Таму еден од главните осомничени Абу Зубајдах бил подложен на „најсилните истражни методи“. Според „Њујорк тајмс“ една од методите била и т.н. ватербординг.

Дали ЦИА може да се реформира?

На прес-конференцијата директорот на ЦИА Бренан укажа на одамна спроведените реформи, со кои во иднина би требало да се спречат методи како по 11. септември. Харкан Улман меѓутоа е скептичен. „Извештајот нема да има долгорочни консеквенции. Претседателите го прават она што мора да го направат. И ако имаат можност за скриени операции, тогаш ја користат“. Овој експерт, со оглед на минатото има малку надеж дека тоа во иднина ќе се смени. „Две американски влади се обидуваа да го убијат Фидел Кастро. Џек Кенеди соработуваше со мафијата. Иако е апсурдно: Ова е очигледно начинот на кој работат владите“.

Дека ова, како и најновите случаи очигледно нема да има правни косеквенции за сторителите, Џејмс Бамфорд смета дека е шокантно. За убиство и измачување до денес нема казна. Харкан Улман напротив смета дека е тоа в ред. „Тие имаа покритие и ополномоштување од претседателот и констатација на министерството за правда дека тоа било легално“. Ако веќе некој треба да биде обвинет „тогаш претседателот“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...