Поранешен разузнавач на САД го идентификува ослободениот американски „супер шпион“ во Куба

Њујорк, 19 декемврин 2014 (МИА) - Еден поранешен разузнавач на САД го откри идентитетот на ослободениот американски „супер шпион“ во Куба,чие име требаше „подолго време“ да се чува во тајност

Станува збор за Роландо Сараф Трухилјо (51) кој беше заменет за тројцата кубански шпиони, кои во 2001 година беа осудени во Флорида на долги затворски казни.

Размената на разузнавачите меѓу двете земји беше извршена врз основа на спогодбата на САД и Куба за обниова на односите, што беа прекинати 54 години. Кубанците ослободија 53 свои политички дисиденти и политички затвореници,како и остаренит Американец Ален Грос кои пет години беше во затвор во Хавана.
 
Американскиот претседател Барак Обама, во средата, во своето обраќање до јавноста во САД за повторното воспоставување на дипломатските односи со Куба спомена дека меѓу ослободените Кубанци има и еден кој како американски шпион направил „исклучително големи и значајни“ работи, па дека затоа и вредела извршената размена со последните тројца, од шпионската „кубанска петорка“.
 
Откривање на идентитетот на „супер шпионот“ за што изгледа требало да молчат и двете страни, остана без коментар во Хавана и Вашингтон. Засега ниту една страна, ниту го потврдува, ниту го демантира тврдењето дека Сараф Трухилјо шпионирал за Американците.
 
Некои американски медиуми се обидуваат да разберат за тоа од неговите остарени родители кои живеат во Хавана, но ниту тие не знаат ништо за ослободувањето на синот, ниту за тоа каде тој се наоѓа.
 
Поранешниот шеф на кубанското одделение за контрашпионажа при воените сили на САД Крис Симонс потврдува дека Кубанецот „завршил голема работа“. Тој работел во кубанската тајна служба во одделот за кодирање, па на Американците им ги открил тајните кодови, според кои кубанските штпиони во странство комуницираат меѓу себе и со своите шефови.Тоа помогнало да се разбие кубанската шпионска мрежа во Флорида и да се открие и фати и „шпионската петорка“ за која Симонс тврди дека не ги шпионирала само кубанските имигранти, туку и командата на војската на САД на југот од земјата.
 
Овие важни откритија ги направил пред да биде уапсен, во 1995 година, откако 20 години тајно работел на Американското разузнавање.
 
Неговиот татко Роландо  Сараф изјавил за еден американски медиум дека целиот свој живот тој бил револуционер и посветен на кубанската револуција, како и дека се трудел и неговите деца да бидат воспитани во тој дух, но по апсењето и сегашните откритија, тој му простува
 
- Каков и да е и што и да направи тој е мој син, рекол таткото Сараф.
 
Родителите на  шпионот Трухилјо, за кого Американците уште во средата соопштија дека тој е веќе „некаде во САД и на сигурно“ открија дека последните години тој бил чуван во еден силно обезбедуван затвор, во околината на Хавана и дека секоја среда родителите можеле да го посетуваат откако тој претходно ќе се јавел, но дека оваа среда (кога беше обелоденето дека САД и Куба ги обновуваат односите) тој не се јавил дома.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...