Во Тајланд дозволена продажба на алкохол за Нова година

Бангкок, 20 декември 2014 (МИА) – И покрај тоа што неколку тајлански национални комисии побараа забрана за продажба на алкохол за време на новогодишните празници и локалниот национален празник Сонгкран, властите објавија дека, барем за сега, нема да ја ограничуваат продажбата.

Поборниците на предлогот за забрана како главен аргумент ги наведоа податоците според кои лани во овие празнувања во Тајланд имало 367 загинати и 3.300 ранети во сообраќајни несреќи, најчесто предизвикани од алкохолизирани возачи.

Одлуката за слободна продажба ја потврди актуелниот министер за здравство Раџата Раџантавин, кој изјави дека Владата мора да го почитува мислењето на поголемиот дел Тајланѓани, кои се против забраната. Тој негираше дека одлуката е поврзана со неодамнешната изјава на сегашниот преоден премиер, водачот на државниот удар од 22 мај, генералот Прајут Кан-ока, кој рече дека нема никакви забелешки за тоа алкохолот да се продава за време на празниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...