Откриени две црни кутии од урнатиот авион на „Ер Азија“

Сингапур, 12 јануари 2015 (МИА) - Екипите кои трагаат по остатоците од авионот на авиокомпанијата „Ер Азија“ што се урна пред две недели во Јаванското Море, денеска успеаја да пронајдат две од црните кутии на леталото, јави ТАСС.

Првата откриена кутија, што веднаш беше извлечена на површината на морето, ги содржи податоците за летот на авионот. Втората кутија, меѓутоа, која има записи од разговорите меѓу пилотите, се наоѓа под големо парче остаток од авионот на 32 метри длабочина и група нуркачи се обидуваат да ја извлечат.

Пронаоѓањето на двете кутии од авионот претставува голем напредок во потрагата по остатоците од леталото.

Црните кутии имаат клучно значење за да се утврдат причините зошто Ербасот на „Ер Азија“ се урна на 28 декември со 162 патници и членови на екипажот.

Првичните оценки на експертите се дека причина за уривањето на авионот било лошото време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...