Муслиманските весници со остри критики кон „Шарли Ебдо“

Бејрут, 15 јануари 2015 (МИА) - Весниците во муслиманските земји од Блискиот Исток и Северна Африка, остро го критикуваат најновиот број на француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ и ги осудуваат Франција и Западот за, како што се тврдат, „оркестриран напад“ врз исламскиот свет.

Кон нападите се приклучуваат и оние кои важат за умерени и кои се антиислмистички определени, осудувајќи го првиот број на весникот по минатонеделниот терористички напад врз редакцијата, на чија насловна страница одново е прикажан ликот на пророкот Мухамед, што во муслиманскиот свет се смета за „навреда и богохулство“.

Овој број на „Шарли Ебдо“, не само што беше подготвен на време, туку и се распродаде и во досега незапаметен тираж од три милиони примероци, иако весникот обично продава по околу 60 илјади.

Посебно остро, весниците од Блискиот Исток ја критикуваат насловната страница на францускиот неделник.

Либанскиот весник „Ал Анвар“ не го осудува само гестот на „Шарли Ебдо“, туку и западната јавност, обвинувајќи ја за „двојни стандарди“. Овој весник му замерува на Западот што го казнува антисемитизмот, но не гледа кривично дело ако се исмева пророкот Мухамед.

Саудискиот „Ал Ватан“ побара од Франција и од другите земји казнување за навреди врз религиозна основа, како и забрана за навреди на цели религии и на личности од религијата. Според овој весник, доколку тоа не се направи, само ќе се охрабри исламскиот екстремизам.

Јорданскиот весник „Ал Дастур“ смета дека постапката на редакцијата на „Шарли Ебдо“ во најновиот број претставува „продолжување со провоцирањето“, додека алжирскиот антиисламистички „Енахар“ преку целата своја насловна страница постави наслов: „Сите ние сме Мухамед“, што треба да биде одговор на пораката од Франција и од светот: „Јас сум Шарли“.

„Ехорук“ од Алжир ја критикува владата на Франција што финансиски го помогна печатењето и појавувањето на новото милионско издание на сатиричниот неделник, опишувајќи го тоа како „отворен крстоносен поход“ против сите муслимани, додека иранската државна телевизија појавувањето на првиот број на весникот по терористичкиот напад со карикатурата на Мухамед, го смета за „чин на провокација“.

Мошне остра е реакцијата и на турскиот весник „Јени Акит“, кој важи за мошне близок до владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган. Весникот обвинува дека однесувањето на „Шарли Ебдо“ е дел од „ционистичкиот заговор“, а неговиот последен број е опишан како „кукавички напад“ врз муслиманите.

Но, од друга страна турскиот секуларен опозициски весник „Џумхуриет“ препечати дури четири страници од „Шарли“ без насловната, на која е насликан Мухамед, како гест на солидарност со француските новинари.

Турските власти ја запреа дистрибуцијата на овој весник веднаш по завршувањето на печатењето, но неговиот тираж подоцна беше пуштен во продажба, откако беше утврдено дека нема карикатури со ликот на исламскиот пророк.

Само турскиот писател Мустафа Акоил, во напис во „Њујорк Тајмс“, има поинаков став. Тој ги повикува муслиманите да ги променат правилата околу тоа што претставува богохулење, но е осамен со ваквото гледиште.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...