Почина еден од најмоќните луѓе на светот

саудискиот крал Абдула бин Абдулазис

Ријад, 23 јануари 2015 (МИА) - Кралот на Саудиска Арабија Абдула бин Абдулазис почина синоќа во болница на 90-годишна возраст, соопшти Кралската палата во Ријад.

Неколку недели тој беше на болничко лекување поради инфекција на белите дробови.

За нов саудиски крал е именуван неговиот брат Салман. Полубратот на сега починатиот крал, Мукрин е новиот крунски принц и престолонаследник.

Новиот крал Салман, кој има 79 години и шеесетгодишниот Мукрин, како и починатиот Абдула, се деца на основачот на модерна Саудиска Арабија, кралот Абдулазис, познат како Ибн Сауд кој почина во 1953 година.

Починатиот крал Абдула беше тринаесеттиот, од 37-те синови на кралот Абдулазис (Ибн Сауд). Роден е во август 1924 година во Ријад.

На саудискиот престол беше од 2005 година, кога го наследи својот полубрат, кралот Фахд. Но кралските должности Абдула ги водеше уште од 1995 година,откако неговиот претходник,Фахд претрпе мозочен удар,по што остана постојано изнемоштен.

Самиот Абдула последните години се соочуваше со нарушено здравје и честопати отсуствуваше од јавноста, затоа што мораше да се лекува дома и во странство.

Во Саудиска Арабија, меѓутоа, тој ќе остане запаметен како реформатор. Како најголеми заслуги му се припишуваат дозволата на домашните весници да може благо да ја критикуваат кралската влада, како и согласноста да им се дозволи на жените да може да се вработуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...