Синовите на Хосни Мубарак ослободени од затвор

Каиро, 27 јануари 2015 (МИА) - Двајцата синови на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак се ослобдени од затвор, само еден ден по одбележувањето на четиригодишнината од бунтот со кој беше соборен нивниот татко.

Алаа и Гамал Мубарак го напуштија затворот во Каиро и веднаш заминаа во своите домови во каирското предградие Хелиополис, изјави претставник на безбедносните служби.

Минатата недела судот во Каиро нареди двајцата да бидат пуштени од затвор до повтореното судење за нив и за Хосни Мубарак.

Според судот, Алаа и Гамал веќе го издржале максималниот рок што е предвиден за притвор.

Браќата Мубарак беа уапсени во април 2011 година, кога беше уапсен и долгогодишниот претседетл Хосни Мубарак. Неговите двајца синови беа обвинети за корупција и за проневера.

Судот ги осуди на четири години затвор, но на почетокот од јануари египетскиот Касациски суд ги поништи пресудите, откривајќи процедурални пропусти и нареди ново судење на кое ќе се појават двајцата браќа и нивниот татко.

Хосни Мубарак и натаму се наоѓа во воената болница во Каиро и засега не е јасно кога и тој ќе биде пуштен дома.

Еден ден пред ослободувањето на браќата Алаа и Гамал Мубарак во египетскиот главен град се одржаа антивладини протести во знак на одбележувањето на бунтот што опозицијата го означува како „револуција“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...