Видодо ја губи популарноста, но ја зајакнува Индонезија

Џакарта, 30 јануари 2015 (МИА) – Претседателот на Индонезија Јоко Видодо кој според анкетите уживаше над 77 отсто поддршка на јавното мислење, загуби речиси половина од популарноста по првите сто дена одстапувањето на должност, но и неговите политички противници признаваат дека направеното - наместо потези за одржување на популарноста политички и економски ја зајакнува 250 милионската Индонезија.

Најголем дел од незадоволните испитаници во повеќето анкети го обвинуваат новиот претседател за драстичното намалување на државните субвенции на цените на горивата. Индонежаните трошат најевтини бензини и гас во овој дел на Азија, но од државниот буџет за субвенции се издвојуваат над 40 милијарди долари годишно. Јокови реши наместо субвенции за горива тие средства да се инвестираат во модернизација на инфраструктурата, особено на пристаништата и аеродромите, чија состојба е сопирачка на економскиот развој со амбициозна цел во 2020 година Индонезија да има БДП од над две илјади милијарди долари.

Претседателот Видодо, соочен и со незадоволството на постарата политичка гарда од својата и коалиционите партии што му ја овозможија победата на минатогодишните избори, неколку пати изјави дека не му е најважна неговата лична популарност. Поставувањето на успешни бизнисмени и дипломати од помладата генерација за министри и директори во државните петпријатија не им беше по воља на неговите постари политички спонзори, кои тоа и јавно го искажуваа, но Јоко Видодо одолеа на притисоците.

Единствен политички пропуст од поголеми размери е предлогот за избор на нов шеф на националната полиција, за кого моќната Агенција за борба против корупцијата изрази сомнежи дека примал мито. Видодо се уште не го повлекува овој предлог, но има најави дека сепак ќе попушти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...