Најмалку 35 загинати во експлозија во џамија во јужен Пакистан

Исламабад, 30 јануари 2015 (МИА) - Најмалку 35 лица загинаа денеска при експлозија на бомба во една шиитска џамија во областа Шикарпур во јужен Пакистан, соопшти претставник на пакистанската полиција.

Тој прецизира дека 31 лице загинале на самото место на нападот, а уште четири други им подлегнале на здобиените повреди на пат кон болница.  

Според полициски извори, околу 50 други лица се повредени во терористичкиот напад, извршен по редовната петочна молитва во џамијата.

Претставник на полицијата изјави дека се стравува оти конечниот број на жртвите може да биде поголеми, затоа што, како што рече, станувало збор за „моќна експлозија“.

Локалните медиуми тврдат дека експлозијата ја предизвикал бомбаш-самоубиец, но пакистанската полиција одби да го коментира ваквото тврдење на медиумите.

- Истрагата е во тек и засега не е се знае што ја предизвика експлозијата, ниту кој стои зад нападот, изјави претстваник на полицијата во Шикарпур. 

Досега никој не презеде одговорност за нападот, но полицијата претпоставува дека тој е дело на сунитските бунтовници, кои често напаѓаат шиитски светилишта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...