Џихадистите од ИД го убија и вториот јапонски заложник

Каиро, 1 февруари 2015 (МИА) - Борците на џихадистичката група Исламска држава синоќа објавија видео во кое тврдат дека го убиле јапонскиот заложник Кенџи Гото, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на американскиот центар за следење на исламистите на интернет SITE.

Видеото покажува мaж сo качулка, коj стои над Гото, со нож на неговото грло. Во следниот кадар се гледа тело со глава ставена на него.

Обраќајќи се кон јапонскиот премиер Шиндзо Абе, џихадистиот кажува: „Заради несфатливата одлука да се вклучите во војна која не можете да ја добиете, овој нож не само што ќе го убие Кенџи, туку, исто така, ќе продолжи да пролева крв насекаде каде ќе најде ваши луѓе. Нека кошмарот за Јапонија почне !“.

Американските медиуми забележуваат дека синоќа лиферуваното видео покажува борец со британски акцент, кој го убива јапонскиот новинар.

Јапонската Влада се обидува да ја утврди автентичноста на видеото, пренесоа британските меидуми.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, го осуди „варварското

убиство“ на јапонскиот новинар, пренесе ТАСС.

Во соопштението Бан Ки-мун изрази сочувство до семејството на Гото, како и до јапонската Влада.

Егзекуцијата на Гото ја осудија и американскиот претседател Барак Обама и неговиот француски колега Франсоа Оланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...