Отфрлени обвинувањата против аргентинската претседателка

Буенос Аирес, 27 февруари 2015 (МИА) - Аргентински федерален судија ги отфрли обвинувањата против претседателката на Аргентина, Кристина Фернандес де Кирхнер дека „прикривала важни сознанија“ за вмешаноста на Иран во терористичкиот напад врз Еврејскиот центар во Буенос Аирес во 1994 година.

Судијата Даниел Рефакас изјави ваквото решение го донел откако „внимателно и детално“ го прегледал извештајот на специјалниот иследник Алберто Нисман од 350 страници, што тој го изработи по безмалку десетгодишна истрага за нападот, во кој беа убиени 85 лица.

Десетина часови пред да сведочи пред Комисијата за безбедност на аргентинскиот Конгрес околу неговите обвинувања упатени кон претседателката Кирхнер и минисерот за надворешни работи Хектор Тимерман, Нисман беше најден мртов во неговиот стан во Буенос Аирес.

Полицијата прво тврдеше дека Нисман се самоубил, пукајќи си во главата, но подоцна почна да трага по „можен убиец“, откако Кирхнер јавно изрази сомнеж во самоубиството на иследникот, иако претходно рече дека „не разбира зашто се самоубил“.

Федералниот судија Рефакас меѓутоа го затвори случајот за нејзината „одговорност“ врз основа на истрагата на Нисман.

- Нема докази дека спогодбата меѓу Аргентина и Иран постигната во 2013 година, била причина за да се прикрива вмешаноста на високи ирански функционери во нападот од пред 20 години, изјави судијата.

Аргентинскиот министер за одбрана Агустин Роси ја поздрави ваквата одлука, нагласувајќи дека Владата „уште од почетокот знаела оти тврдењата на Нисман се без правна основа“.

Кирхнер претходно тврдеше дека Нисман бил „намерно и лажно насочен“ да верува во верзијата што ја користел во својот извештај и за тоа обвини делови од аргентинската тајна служба.

Подоцна, таа го искористи случајот со сомнителната смрт на Нисман за да ја распушти разузнавачка агенција на Аргентина и да формира нова служба. Оваа своја одлука,Кирхнер ја образложи со тврдењето дека во разузнавачката агенција имало премногу „елементи од времето на воената хунта“, без разлика што воената власт е урната уште во 1983 година.

Спогодбата од 2013 година што ја споменува Нисман во својот извештај, не беше прифатена од владата во Техеран, а никогаш не беше ни ратификувана во иранскиот Парламент. Иран од секогаш тврдеше дека нема ништо со терористичкиот напад врз Еврејскиот центар.

Аргентинската опозиција изрази сомнеж во одлуката на федералниот судија, обвинувајќи дека судството е партизирано и оценувајќи дека пресудата на Рефакас ќе придонесе „случајот Нисман“ уште повеќе ќе ја продлабочи кризата во земјата.

Стотина илјади демонстранти минатата недела протестираа во Буенос Аирес против владата на Кирхнер и бараа „правда за иследникот Алберто Нисман“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...