Втора рунда од преговорите меѓу САД и Куба

Вашингтон, 27 февруари 2015 (МИА) - Кубански и американски официјални претставници ќе имаат денеска состанок во Вашингтон што е втора рунда од преговорите посветени на повторното воспоставување и нормализација на дипломатските односи.

Еднодневните разговори продолжуваат по одлуката од 17 декември за нормализација на односите вклучувајќи и отворање амбасади во двете држави и размена на затвореници.

Двете држави немаат дипломатски односи од 1961 година.

САД се надеваат на постигнување договор за повторно отворање амбасади до 10 април за кога е закажан регионален самит на шефови на држави во Панама.

На тој состанок можна е средба на Обама и Кастро и тоа би била нивна прва средба по историското објавување на договорот од декември лани.

Куба врши притисок врз САД пред официјалното објавување на дипломатските врски да ја симнат од листата на држави кои спонзорираат тероризам, ставена во 1982 година. Првата рунда од преговорите беше одржана минатиот месец во Хавана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...