Аргентинскиот државен обвинител против ослободителната „пресуда“ за претседателот Кирхнер

Буенос Аирес, 5 март 2015 (МИА) - Аргентинскиот обвинител Герардо Поликита вложи жалба на одлуката на еден федерален судија кој ги отфрли обвинувањата против претседателот Кристина Фернандез де Кирхнер,што ги поднесе, сега починатиот, специјален иследник Алберто Нисман.

Обвинителот Поликита изјави дека одлуката на федералниот судија,да ги отфрли обвинувањата и да го затвори случајот, се „избрзани и преуранети“.
 
Нисман кој беше најден мртов под мистериозни околности, почина само десетина часови пред да се појави како сведок пред парламентарната Комисија за безбедност околу обвинувањата против претседателката Кирхнер. Според Нисман, кој го испитуваше терористичкиот напад врз Еврејскиот центар во Буенос Аирес, од 1994 година, аргентинската претседателка ја прикривала вмешаноста на високи ирански функционери во нападот во кој беа убиени 85 лица, а други 200 беа повредени.
 
Федералниот судија Даниел Рафекас ги отфрли ваквите обвинувања на Нисман, заклучувајќи дека специјалниот иследник за нападот во својот извештај од 350 страници „не нуди ниту еден доказ“  против аргентинската претседателка.
 
Кирхнер уште претходно ги отфрли како неточни сите обвинувања против неа,но мистериозната смрт на Нисман, избрзаната одлука на судијата Рафекас да го затвори случајот и сегашното решение на државниот обвинител да поднесе жалба, уште повеќе ќе ја продлабочат кризата во Аргентина.
 
За Нисман се уште не се знае дали неговата смрт е убиство или станува збор за самоубиство, како што тоа првично беше соопштено.
 
Во аргентинската јавност, малкумина веруваат дека иследникот самиот си го одзел животот, а во таа верзија не верува ниту претседателот Кирхнер, која на неколкупати го менуваше мислењето за целиот случај, предизвикувајќи повеќе масовни протести во земјата, во кои демонстрантите ја бараа вистината за терористичкиот напад од пред 20 години и правда за Нисман.
 
Кристина Кирхнер во своето последно излагање во Конгресот, ја обвини тајната служба дека намерно му доставувала „лажни информации“ за терористичкиот напад за да се обвини претседателката, па нареди расформирање на разузнавачката агенција и формирање на нова служба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...