Најмалку 14 загинати при уривање на градежно скеле во Виетнам

Ханој, 26 март 2015 (МИА) - Најмалку 14 работници загинаа, а 30 други се повредени синоќа при уривање на големо градежно скеле во индистриската зона Вунг Анг во централниот дел на Виетнам, соопштија виетнамските власти.

Во акцијата за расчистување на урнатините и за пронаоѓање на телата на уште двајца загинати работници, покрај спаувачките тимови, се вклучија и припадници на виетнамската армија.

Државната Виетнамска телевизија (ВТВ) јави дека сите загинати при несреќата се Виетнамци.

Повредените работници, од кои дел се во критична сосотјба, се пренесени во болница.

Причините за уривањето на скелето засега не се познати.

Несреќата се случила на локција на која се гради пристаниште во рамки на комплекс во сопственост на тајванската компанија „Формоса“. За изградба на пристаништето била ангажирана јужнокорејската компаниија „Самсунг ЦТ“, која е дел од корпорацијата „Самсунг Груп“.

Оваа несреќа е последна во серијата инциденти во индустриската зона Вунг Анг, во која во минатиот период беа одржани повеќе протести на работниците и беа подметнати пожари во неколку објекти, како поседица на растечкото антикинеско расположени во Виетнам.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...