ОЕЦД со критика за индонезиската политика за намалување на увозот на храна

Џакарта, 26 март 2915 (МИА) - Регионалната канцеларија на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во Џакарта денеска оцени дека новопрокламираната политика на претседателот Јоко Видодо за обезбедување доволно храна од сопственото производство, не е добра и дека ја води Индонезија во изолација.

Реакцијата уследи по минатонеделната изјава на Видодо дека Индонезија до 2017 година ќе мора да произведува доволно ориз за сите 250 милиони жители, а ако тоа не се оствари, сегашниот министер за земјоделство ќе биде сменет.

ОЕЦД смета дека новата политика на претседателот Видодо е премногу протекционистичка и дека може да му нанесе штета и на вкупниот економски развој на државата.

Оризот е основен прехранбен производ во Индонезија, како и во поголем број држави во Азија. Досега Индонезија и покрај климатските предности ретко успевала да произведе доволно ориз за сите жители и често увезува ориз поскап од домашниот.

Советник од кабинетот на Видодо, по соопштувањето на ставот на ОЕЦД изјави дека претседателот на Индонезија повеќе се грижи за зголемување на животниот стандард на населението одколку што води сметка за оценките на неговите политики од странски експерти.

Индонезија според обемот е трет најголем производител на ориз, а нејзините жители со конзумирање на просечно 140 килограми ориз пер капита се на прво место на глобалната листа на потрошувачи.

Затоа Јоко Видодо сака да ја направи државата помалку зависна од увоз. Истата стратегија претседателот на Индонезија ја најави и за производството на пченка, соја, шекер, говедско месо и риба, но за постигнување на овие резултати сегашниот министер за земјоделство има рок до 2018 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...