Немирите во Јемен поттикнаа раст на цената на нафтата

Њујорк, 26 март 2015 (МИА) - Цената на нафтата порасна откако Саудиска Арабија почна воздушни напади против бунтовниците хути во Јемен, што поттикнува страв околу производството на нафта на Блискиот Исток, јави Танјуг. 

Американската лесна нафта за испорака во мај поскапе на њујоршката берза за 1,9 долари на 51,11 долари, додека нафтата од типот „брент“ за испорака во мај во Лондон поскапе за 1,95 долари на 58,43 долари. 

Вчера американската нафта поскапе за 1,7 долари, а европската „брент“ нафта за 1,37 долари, по веста дека претседателот на Јемен Мансур Хади е пренесен на сигурна локација по воздушниот напад на претседателскиот комплекс. 

Саудиска Арабија, која се граничи со Јемен, започна операција против бунтовниците Хути во обид да го заштити јеменскиот лидер и земјата од граѓанска војна. 

Јемен се повеќе е поделен меѓу северот, кој е под контрола на Хути, наводно поддржани од Иран, и јужниот дел под контрола на луѓе лојални на претседателот Хади. 

- Геополитичките тензии во Јемен ја зголемуваат цената на нафтата. Земјата не е голем производител, но е регионален трговски центар поради што тензиите може да предизвикаат прекин во трговијата со енергенси во регионот, изјави инвестицискиот аналитичар на сингапурската компанија „Филип фјучерс“, Данијел Анг.

Цените на нафтата од јуни се намалија за 60 проценти, првенствено поради производството во САД и членовите на ОПЕК.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...