ОН: Лани најголем број убиени цивили Палестинци од 1967 година

Ерусалим, 27 март 2015 (МИА) - Бројот на Палестинци цивили убиени во судири со Израел во 2014 година е најголем по шестдневната војна во јуни 1967 година, соопшти ОН во извештај.

Според ОН, најмногу загинале во операцијата на израелската армија во 2014 година во Појасот Газа, се вели во извештај на Службата за координирање на хуманитарни дејности на ОН.

Во таа операција загинале над 1.500 цивили, ранети се 11.000 луѓе, а 100 илјади се принудени да ги напуштат домовите, луѓе кои во крајот на минатата година се уште биле без кров над глава.

Во Појасот Газа убиени се вкупно 2.220 Палестинци заедно со оние кои војувале. Меѓу жртвите има и 550 деца, се додава во документот. Од израелска страна убиени се 73 луѓе, од кои 67 војници.

Во Западниот брег и во Ерусалим убиени се лани вкупно 58 луѓе и ранети се 6.028 Палестинци. Израелските жрвти се 12.

Бројот на Палестинци испратени во затвори е зголемен за 24 отсто - по 5.258 во просек во еден месец.

Вкупно 1,215 Палестинци на Западниот брег и во Источен Ерусалим останале без дом откако им бил урнат од израелските власти - најголем број откако во 2008 година Службата на ОН почна да води статистика.

Вкупно околу четири милиони Палестинци се наоѓаат во режим на израелска воена окупација, се вели во извештајот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...