ИД зајакна по воздушните напади, предводени од САД

Вашингтон, 30 март 2015 (МИА) - Сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за американската телевизија Си-Би-Ес  изјави дека групацијата Исламска држава зајакнала и се проширила по воздушните напади, предводени од САД.

- ИД од почетокот на нападите во септември минатата година, всушност се прошири, истакна Асад за емисијата „60 минути“ на Си-Би-Ес..

Сирискиот претседател, кој војува со исламистите и други бунтовници од 2011 година изјави дека според некои оценки ИД месечно регрутира по илјада лица во Сирија.

Според него групацијата се проширила и во Ирак и Либија и голем број поддржувачи на Ал Каеда ја објавиле својата лојалност кон ИД.

Асад изјави дека Русија ја смета за надежен сојузник, кој се обидува да пружи помош за политичко решавање на конфликтот во Сирија.

Според Асад Москва се стреми кон стабилност и баланс на силите во светот. Тој додаде дека кон исти цели се стреми и Иран.

- Сирија, Иран и Русија гледаат на ист начин на конфликтот на сириска територија, нагласи Асад.

Тој одговарајќи на новинарско прашање изјави дека од власт би си заминал само кога повеќе нема да има поддршка од граѓаните и кога повеќе не би ги претставувал интересите и вредностите на Сирија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...