Светот мора да ја поддржи борбата против Боко Харам

бараат африканските земји во ОН

Њујорк, 1 април 2015 (МИА) - Меѓународната заедница мора да ја засили поддршката за државите кои се соочени со напади од екстремистичката група Боко Харам, се наведува во нацрт резолуцијата на група африкански држави што денеска беше претставена пред Советот за човекови права на Обединетите нации.

Во текстот на документот, претставен на специјална седница на Советот, меѓународната заедница се повикува да даде „активна и повеќеслојна поддршка за Камерун, Чад, Нигер и Нигерија и другите држави погодени од делувањето на терористичката група Боко Харам“.

Помошта треба да биде дадена на барање на овие држави, „и во блиска соработка со нивните влади“, се наведува во документот, пренесуваат француските медиуми.

Претставникот на Африканската унија, Пјер Бујоја, зборувајќи во име на Мали и областа Сахел, предупреди дека Боко Харам, како терористичка група, е многу повеќе од регионална закана...таа е, исто така, и глобална закана“.

Во борбата на Боко Харам, насочена кон создавање исламистичка држава, од 2009 година досега погинаа  најмалку 15.000 лица, изјави високиот комесар за човекови права на ОН, Зеид Рад ал-Хусеин.

- Уште безброј деца, жени и мажи се грабнати, злоставувани и насилно регрутирани...а жени и девојки биле цел на посебно ужасно злоставување, вклучувајќи и сексуално поробување, рече Хусеин.

Тој притоа ги опиша застрашувачките извештаи, според кои Боко Харам често децата ги користи како топовско месо, додавајќи дека „телата на деца на возраст од околу 12 години се расфрлани ширум борбените полиња“.

Хусеин, исто така, изрази згрозување заради  користењето на децата како човечки бомби, и додаде дека, доколку таквите извештаи се потврдат, многу од злосторствата на оваа група можат да се подведат под „воени злосторства и злосторства против човештвото“.

Во текот на шестгодишните борби на Боко Харам, околу 1,5 милион лица од североистокот на Нигерија биле присилени да ги напуштат своите домови.

Групата, која неодамна се обврза на верност кон Исламска држава, ги засили нападите во соседните држави.

Нападите на оваа екстремистичка група делумно заслабнаа од неодамнешното напредување на нигериската војска и нејзините коалициски партнери Нигер, Камерун и Чад, наведоа француските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...