Командантот на филипинската Армија со остри обвинувања кон Кина

Манила, 20 април 2015 (МИА) - Главниот командант на филипинската Армија, генералот Грегорио Катапанг денеска на прес-конференција во Манила покажа сателитски снимки, кои според него, докажуваат дека Кина гради големи цивилни и воени објекти на коралниот архипелаг Спратли во Јужното Кинеско Море.

Ваквите кинески активности и поставувањето на нафтени платформи во ова море, за чиј суверенитет со Кина спорат Филипините, Виетнам, Малезија, Брунеи и Индонезија, генералот ги нарече опасни воени игри и побара остра реакција на меѓународната заедница.

Генералот Катапанг ја одржа прес-конференцијата на почетокот на големите десетдневни заеднички маневри на армиите на Филипините и САД,, прва поголема воена вежба одкако лани претседателите на двете земји Барак Обама и Бенињо Акино потпишаа спогодба за воена соработка.

Кина смета дека има речиси целосен суверенитет над Јужното Кинеско Море, простор низ кој се одвива над 40 отсто од светскиот поморски сообраќај и кое е богато со резерви на нафта, гас, минерали и рибен фонд. Против кинеските аспирации за целосна сувереност над спорното море, тужби до Меѓународниот суд на ОН во Хаг поднесоа Филипините и Виетнам, а другите заинтересирани држави повеќе се залагаат за спорните територии да се разговара и преговара.

Филипините не кријат дека поради кинеските акции во Јужното Кинеско Море побараа и добија поголема политичка и воена поддршка од страна на САД. Во Филипинскиот Архипелаг значително е зголемено присуството на бродови и авиони под американско знаме, а покрај сегашната вежба, на која учествуваат 12.000 маринци од двете армии, годинава ќе се одѓат и неколку други заеднички маневри.

На свечената церемонија одржана пред почетокот на маневрите, американскиот амбасадор во Манила, Филип Голдберг ја пренесе пораката на претседателот Обама според која, ништо не може да го наруши „челичното пријателство“ меѓу Вашингтон и Манила и дека САД никогаш нема да ги остават Филипините без доволно одбрана од странска агресија.

Кина се противи на американското мешање во спорот, додавајќи дека гарантира слободна пловидба низ Јужното Кинеско Море за сите бродови. Територијалниот суверенитет над овој простор Кина на службените мапи го прогласи уште во 1942 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...