Премиерот на Киргистан поднесе оставка по критиките за преговори со канадска рударска компаија

Бишкек, 23 април 2015 (МИА) - Премиерот на Киргистан, Јомарт Оторбаев, денеска поднесе оставка на функцијата откако беше исложен на критика во Парламентот дека неговата Влада не постигна договор со канадска рударска компанија, соопштија британските медиуми.

Оторбаев не ја посочи причината за своето повлекување од функцијата. Неговата одлука е соопштена по неколкучасовната жешка дебата во Парламентот за работата на Владата во минатата година. Многу пратеници ја нападнаа Владата за тоа дека не успела да се договори со канадската фирма „Сентера голд“.

Канадската компанија го експлоатира најголемиот рудник за злато во Киргистан - „Кумтор“ и со Владата повеќе од една година водеше преговори за нов финансиски договор.

Претседателот на Киргистан, Алмазбек Атамбаев, сега треба да 
потпише указ, со кој ќе ја прифати оставката на Оторбаев и неговиот 
кабинет. Потоа владеачката коалиција ќе има 15 дена пред Парламентот да даде предлог за нов премиер, посочуваат британските медиуми.

Високо позициониран владин извор изјави дека за вршител на должноста премиер ќе биде назначен првиот вицепремиер Таирбек Сарпашев, забележа ТАСС.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...