Вулканот Калбуко во Чиле и денеска продолжи да исфрла пепел

Сантјаго, 23 април 2015 (МИА) - Вулканот Калбуко, во јужно Чиле, што вчера неочекувано се активира, и денеска продолжи да исфрла пепел заради што се откажани сите летови од околните градови на територијата на Чиле и соседна Аргентина, пренесоа британските медиуми.

Вулканот, чија последна голема ерупција била во 1961 година, се наоѓа крај месноста Пуерто Варас, на околу 1.000 километри јужно од главниот град Сантјаго. Од вчера тој во воздухот исфрла огромен столб од пепел и чад, што достигнува височина од приближно 20 километри .

Според податоците на властите денеска околу 4.000 лица биле евакуирани од реоните непосредно до вулканот. Спасувачките служби ги фокусираат своите напори врз малиот град Енсенада, на околу 15 километри од Калбуко.

Алпинист, кој на почетокот на ерупцијата случајно се нашол во близина на врвот на вулканот, се води за исчезнат.

Летовите од блискиот чилеански град Пуерто Монт се откажани, бидејќи вулканската пепел може да им наштети на авионите и летањето да го направи опасно. Од другата страна на чилеанско-аргентинската граница, во близина на аргентинскиот град Барилоче, 
исто така,има откажани летови, а училиштата денеска останаа затворени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...