Швајцарија најсреќна држава во светот

Њујорк, 24 април 2015 (МИА) - Најсреќна држава во светот е Швајцарија, а на листата од 158 држави Македонија е на 93 место, се вели во извештај на Меѓународната студија за среќата (The 2015 World Happiness Report) објавена во Њујорк.

Според таа студија, која опфаќа период од 2012 година до 2014 година, Швајцарија како најсреќна држава ја следат Исланд, Данска, Норвешка и Канада.

Потоа, до десетото место се Финска, Холандија, Шведска, Нов Зеланд и Австралија.

На ранг листата Словенија е на 55 место, Хрватска на 62 место, Косово е на 69 место, а Црна Гора на 83 место. Албанија е на 95 место и БиХ е на 96 место.

На 15 место се САД, Белгија е на 19 место, Велика Британија на 21 место, Германија е 26-та и Франција е на 29 место. Русија е на 64 место.

Извештајот за среќа објавен е по третпат во намера да влијае врз државната политика. Прва таква студија, ОН објавија во 2012 година. Студијата опфаќа податоци од БДП по глава на жител, очекуван животен век, дали граѓаните имаат општествена поддршка, дали имаат слобода да донесуваат животни одлуки и дали се ослободени од корупција како ипроценка колку во општеството има великодушност спрема граѓаните.

Меѓу десетте најнесреќни држави се Авганистан, Сирија, Того, Бурунди, Бенин, Руанда, Буркина Фасо, Брег на Слоновата Коска, Гвинеја и Чад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...