Најмалку 22 луѓе загинаа во бомбашки напади во Ирак

Багдад, 26 април 2015 (МИА) - Во повеќе напади и експлозии на автомобили-бомби ширум Ирак загинаа 22 лица, соопштија ирачките власти.

Најтешкиот напад се случил кога експлодирал автомобил-бомба во близина на воен контролен пунк во околината на градот ал Нукаиб, при што загинаа седум војници.

Седум луѓе загинаа, а 25 се повредени во експлозијата што се случи во центарот на Багдад.

Неколку часа претходно, најмалку четворица цивили загинаа, а деветмина се повредени во експлозијата во градот Махмудија, околу 30 километри јужно од Багдад.

Напад имало и во багдадската населба Амил при што загинале тројца, а 13 лица се повредени.

Багдад речиси секој ден е мета на бомбашки напади, чија цел претежно се припадниците на безбедносните сили и шиитите. Се претпоставува дека зад нападите стои Исламска држава и другите сунитски екстремисти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...