Последни обиди за помилување на осудените на смрт во Индонезија

Џакарта, 27 април 2015 (МИА) - Нешто повеќе од 24 часа од планираното изведување на дессете осудени нарко дилери пред стрелачкиот вод во Индонезија, се уште постојат индикации дека индонезискиот претседател Видодо во последен момент може да ја смени одлуката и да ги помилува казнетите.

Надежта на семејствата и пријателите на осудените на смрт ја подгрева вчерашниот апел на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, а уште повеќе денешната средба меѓу Видодо и филипинскиот претседател Акино од која произлезе соопштение дека Видодо е милослив и дека уште еднаш ќе се консултира со државниот обвинител околу евентуалната одлука за егзекуцијата.

Во редот на смртта во Индонезија чекаат десет осудени нарко дилери, од кои осуммина се странци. Егзекуцијата беше планирана за февруари, но и покрај одбивањето на претседателот Јоко Видодо да потпише акт за помилување, индонезиските власти дозволија дури и невообичаени „правни лекови’’ за евентуално сменување на најстрогата казна.

Индонезија смета дека со егзекуцијата на нарко диерите ќе упати силна порака против се поголемите количества дрога што се консумираат во 250 милионската држава која има 4,5 милиони регистрирани нарко зависници. Лани, во просек, од прекумерно уживање наркотици дневно умирале по педесет, претежно млади, индонезијци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...