Исламската држава е осудена на пропаст

Додека некои експерти за борбата против тероризмот тврдат дека стратегијата против екстремистичкото насилство ја губи трката со трансформацијата на тој феномен, други веруваат дека групи како што е самопрогласената Исламска држава не можат да имаат долг век.

По терористичкиот напад на 11 септември 2001 година основна цел беше спречување на нов, како што го нарекува Ал Каеда спектакуларен терористички акт. Меѓутоа, 14 години подоцна, пример за терористички спектакл стана нападот на редакцијата на сатиричниот весник Шарли Ебдо во Париз, кој беше скромен според големината, но разорен по последиците. Само неколку вооружени луѓе ја парализираа европската престолнина користејќи соодветно оружје и бомби од рачна изработка. Напаѓачите на Шарли Ебдо беа исламисти, браќата Куаши, кои пораснале во Франција и не биле обучувани од страна на Ал Каеда.

Дејвид Килкален, основач на фирма за антитероризам Керус Асошиетед, потсетува дека разузнувачката служба се до пред неколку години дебатирала за тоа дали воопшто е можна регрутација и оперативно оспособување на некој преку интернет.

Се до тогаш, вели тој, се размислувало за можноста, но сеуште немаше примери некој без било каков контакт или членство во некоја терористичка организација да изврши тероризам.

Западот за сега нема формула за спречување на феноменот на странските борци кои терористичките напади ги вршат по враќањето од блискоисточниот воен регион. Според проценките на ЦИА на џихадистите до сега се приклучиле околу 20.000 странски борци од кои околу 3.500 имаат европски пасоши. Нивниот прилив се забрзува, тврди Брајан Џенкинс, главен експерт за тероризам на Корпорацијата РЕНД.

- Премиерот на Франција Мануел Валс изјави дека 10.000 доброволци може да се вратат од Сирија и Ирак во Европа до крајот на 2015 година. Некои од нив ќе стекнат искуство, обука и контакти, со други зборови ќе станат огромна опасност ако се одлучат на џихад дома – наведува Џенкинс.

На Блискиот исток кој е разорен од војна, во Северна Африка и другите региони дојде до бришење на границите и уништување на државите, додека екстремистичките групи како Исламската држава и Боко Харам заземаат територии воспоставувајќи своја власт. Меѓутоа, Џенкинс тврди дека тие настојувања немаат перспектива, пред се поради економијата темелена на криминал, киднапирања, шверц и закани:

- Таква економија може да функционира само до таа мера до која може да се шири по новите територии, каде се ограбуваат банки и продаваат се до што ќе дојдат, од автомобили до градежни машини, камиони, трактори и дури музејски вредности. Кога тоа ќе престане, ќе престане и економијата.

Филип Мад, поранешен висок функционер на ЦИА и Федералното истражно биро, истакна дека бруталното насилство на џихадистите, го оттуѓува јавното мнение како во самите земји во кои се води борба против нив, така и во исламскиот свет во целина:

- Кога некој ќе ме праша кој победува во оваа борба, а кој губи, обично велам заборавете на прашањето кој кого повеќе го бомбардирал, туку погледнете чија идеја победува. Многу луѓе во исламскиот свет кои следат што се случуваше во последните 15 години, воопшто не поддржуваат убивање на невини луѓе. Тоа не може никој да го прифати.

Мад ги истакна анкетите спроведени во Исламскиот свет, според кои многу муслимани на калифати од древните времиња покрај другото се поврзуваат со науката и ученоста, иновациите и уметноста, наспроти денешните џихадисти кои во име на самопрогласениот калифат, водат суров поход против сунитските неистомисленици, малцинските шиити и други верски и етнички групи.

Гласот на Америка - Вашингтон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...