Мјанмар се вклучи во спасување на бегалците во Бенгалскиот Залив

Јангун, 22 мај 2015 (МИА) - Морнарицата на Мјанмар, поранешна Бурма, ноќеска помогнала два брода со 208 бегалци да пристапат до копното и да се спасат прегладнетите и болни припадници од племето Рохингја, кои со недели биле на отворено море.

Ова е прв чекор на властите од Мјанмар за учествуво во спречувањето на актуелната хуманитарна катастрофа во Бенгалскиот Залив, направен под притисок на ОН, САД и државите од регионот на Југоисточна Азија.

Во морињата околу Мјанмар, Тајланд, Малезија и Индонезија овој месец на бродови има над 7.000 бегалци, најголем дел од Мјанмар и Бангладеш. Тие се припадници на муслиманското племе Рохингја кои во Мјанмар се уште немаат право на државјанство и живеат во голема сиромаштија, изложени на верска тортура од мнозинското будистичко население.

Мјанмар одбиваше да соработува со државите од регионот за решавање на бегалската криза, иако соработка побараа лидерите на Тајланд, Малезија и Индонезија.

Првиот гест на добра волја Мјанмар го направи по вчерашната посета на заменик државниот секретар на САД Ентони Блинкен, кој неколку часа разговараше и со мјанмарскиот претседател Теин Сеин.

Аналитичарите укажуваат дека за проблемот на бегалците и припадниците од племето Рохингја, за кои се претпоставува дека ги има околу 1,3 милиони, нема нити една изјава на лидерот на опозицијата во Мјанмар, нобеловката за мир Аунг Сан Су Ќи. Нејзиниот молк се доведува во врска со претстојните парламентарни избори, бидејки се претпоставува дека каква и да е поддршка на припадниците од племето Рохингја може да предизвика незадоволство кај мнозинското население.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...