Родителите создаваат „мали тирани“

Малите деца честопати го истураат својот бес врз недолжните, особено кога нема да го добијат тоа што го сакаат. „Малите тирани“ од разгалената генерација, како што ги нарекуваат западните психолози, стануваат особено насилни не само кон родителите туку и кон воспитувачите во градинските или учителите кога ќе тргнат во прво одделение.

За појавата на недостиг на респект кон авторитети се виновни родителите кои не поставуваат граници ниту пак ги даваат јасните правила за дозволено однесување, тврди Арик Сигман од британското Кралско медицинско друштво.

За родителите да го вратат авторитетот, а децата да научат одредено однесување, неопходно е воведување дисциплина, се согласуваат бројни експерти.

Дисциплината не подразбира казна, туку наведување на детето да ја прифати реалноста и да не очекува дека во секој момент ќе му се исполнат желбите. Така на пример, едногодишните деца почнуваат да учат дека не може секогаш да се однесуваат како што сакаат, но сè уште не им се јасни правилата.

Во втората година од животот децата почнуваат да следат поедноставни правила, додека на три години можат да решат и малку комплицирани барања како што е стоење во ред, послушност во однос на возрасните, избегнување опасност...

Голем број дисциплински активности се однесуваат на рутинско повторување кое кај најмладите создава осет за сигурноста во домот. Таа рутина се однесува на времето за оброците, спиењето, одморањето, домашните обврски и игрите. Рутината на децата им обезбедува пријатност во која знаат што и кога може да очекуваат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...