Telekom Electronic Beats го лансира виртуелниот свет на „Beatland“ во метаверзумот

Дојче Телеком минатата недела преку својата музичка-иновативна платформа Telekom Electronic Beats го претстави современото клупско искуство „Beatland“. Се работи за виртуелен клуб сместен во метаверзумот на Roblox (NYSE: RBLX) – платформа каде што корисниците можат да имаат онлајн интеракција меѓу себе преку нивните аватари. Со отворањето на „Beatland“, Дојче Телеком стана првата телекомуникациска компанија која развила свое метаверзум искуство на Roblox.



Отворањето на виртуелниот клуб го одбележа настапот на светски познатиот диџеј и продуцент Борис Брејча, кој во форма на аватар имаше повеќе сетови во виртуелниот клуб, од 22 до 24 април. Покрај тоа што ќе можат да одат во клубот и да слушаат музика, корисниците преку нивните аватари ќе можат да купуваат и дигитални предмети во музичката продавница, како и да го посетат киното за да гледаат кратки, анимирани филмови од избрани уметници.

-Клабингот во денешно време претставува спој на она што е реално и она што е мета. Сите ние се стремиме кон нови технологии и иновации во културата на ноќниот живот. Навистина сум возбуден што ќе можам да комуницирам со заедницата, пуштајќи музика како аватар во метаверзумот – ‘Beatland’ на Telekom Electronic Beats“, вели диџејот Борис Брејча.

Метаверзум платформата на Telekom Electronic Beats опфаќа клуб, кино и музичка продавница. Светот на „Beatland“ е дело на The Gang од Шведска, едно од водечките креаторски студија за Roblox, во соработка со Art Direction и Design Studio Yukiko од Берлин и аниматорот Џек Сакс. Тимот тесно соработуваше со FSM (Германско здружение за доброволна саморегулација на даватели на услуги за дигитални медиуми) за да создаде виртуелен свет во кој безбедноста е клучна цел. Како резултат на тоа, метаверзум искуството ги зближува младите луѓе од целиот свет со цел да ја искусат музичката култура на сосема нов начин.

Корисниците на оваа платформа ќе можат активно да се вклучат во различни улоги во рамки на светот на Roblox, преку повеќе виртуелни работни места во ноќниот живот на „Beatland“, сите во форма на аватар и сите со соодветен надомест во виртуелна валута. Забавата не застанува кај музиката, бидејќи посетителите на киното ќе можат да гледаат кратки филмови од Хеин Ким и Александра Бокова, чијашто цел е да ја подигнат свеста за општествено релевантни теми.

Користејќи го сопствениот аватар, корисниците ќе можат да „работат“ како менаџери на музичка продавница, промотери, па и како вратари на ноќен клуб, а притоа ќе можат и да купуваат облеки за нивниот аватар и дигитални производи од продавницата на Телеком со своите Beat Coins – виртуелна валута која се заработува преку извршување активности во „Beatland“. Приходите, собрани преку продажбата на „верчот“, потоа ќе се искористат за проширување и подобрување на целокупниот свет на „Beatland“.

-Повеќе од 20 години, нашата платформа TEB е мостот којшто ги спојува културата и технологијата. Многу сум горд што успеавме да одржиме чекор со подемот на креативните индустрии, истовремено задржувајќи го првичниот карактер на програмата. Метаверзумот и повторното откривање на трендот на аватари и виртуелно музичко искуство се едни од највозбудливите иновации во моментот, објаснува Волфганг Кампартолд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...