Како да се однесувате во случај на терористички напад?

Професионалците за безбедност сметаат дека со мала едукација имаме поголеми шанси да останеме неповредени, ако се најдеме на местото на терористичкиот напад. Полковникот на Федералната служба за безбедност во Русија, Виталиј Демидкин, вели дека секогаш треба да се исполнат сите барања на терористите, да се стават рацете зад главата или уште подобро да се легне.



- Ни под никакви услови немојте да ги провоцирате терористите, немојте да станувате, уште помалку немојте да трчате. Трудете се да не правите брзи потези, бидејќи тоа може да се смета за агресивно однесување. Ако се најдете во зграда која ја заземале, а која има систем на видео обезбедување, специјалците може да ве видат преку тие камери. Само треба да им сигнализирате дека сте заложник, а не помошник на терористите, вели полковник Демидкин.

Од искуство додава дека однесувањето на заложниците кои слободно се шетаат низ зградата или се трудат да направат некои „јуначки движења“ може да ја доведе антитерористичката единица во заблуда дека всушност заложниците се терористи.



- Ако успеете да се извлечете од зградата, немојте да бегате. За специјалците кои ја опколиле зградата секој кој трча од зградата може да е терорист. Одете полека, мавтајте со шал или некој предмет кој ви е при рака. Дури кога ќе бидете сигурни дека ви даваат знак, почнете да трчате најбрзо што можете.

Иако терористичкиот напад ни изгледа многу далеку од Македонија, факт е дека тероризмот може да го загрози секоје место на планетата. Зоран Драгишиќ советува дека љубопитноста може да нè чини живот.

- Ако дојде до бомбашки напад, никогаш не треба да одите кон местото каде што се случила експлозијата. Терористите обично поставуваат повеќе бомби, не една, објаснува Драгишиќ, стручњак за безбедност.



Велика Британија изработи Национална канцеларија за борба против тероризмот (Nactso), прирачник во кој се напишани совети како е најдобро да се однесувате при овие напади. Во прирачникот се советува доколку сте на отворено, да побарате некој бетонски ѕид зад кој би можело да се скриете. Сите оние кои може да пронајдат засолниште мора да останат таму во потполна тишина и да не заборават да го исклучат звукот на мобилните телефони.

- Би требало да бегате, да инсистирате и другите да дојдат со вас, а сите останати работи, оставете ги зад себе. Тоа што сте надвор од видно поле не значи дека сте безбедни, но запомнете – куршумите поминуваат низ цигли, метал, дрво и стакло. Најдете засолниште и јавете се во полиција, дајте им ја точната локација на нападот и детали за напаѓачите, евентуални заложници и жртви, стои во прирачникот.



Важно е да нагласиме дека во овие ситуации, предност имаат луѓето кои имаат основно знаење во прва помош, кои знаат да сопрат крварење, да свртат луѓе на страна, да им го извадат јазикот ако го голтнале за да може да дишат. Сепак, секогаш ќе се најде некој кој ќе паничи. Токму тие луѓе може да платат со свој живот, затоа што се иритантни за терористите. Удрете им силен шамар за да им го свртете вниманието од целата драма, а со тоа и ќе им го спасите животот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби