Доаѓаат Моналди и Сорти, авторите на една од најконтроверзните италијански книги

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува гостувањето на италијанските писатели Рита Моналди и Франческо Сорти. В петок, 25 ноември 2016 година, со почеток во 20 часот, во „Менада“ ќе биде промовиран нивниот роман „Имприматур, најновото издание на „Антолог“, кој на македонски јазик го преведоа Лилјана Узуновиќ и Борјана Мојсовска. Модератори на настанот ќе бидат универзитетската професорка Анастасија Ѓурчинова и новинарката Јасна Франговска. Иако ретко прифаќа патувања, брачниот пар Моналди и Сорти доаѓа во Македонија заедно со своите две деца. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.



Овој интернационален бестселер, од критиката прогласен за „фантастичен спој меѓу Ден Браун и Умберто Еко“, даде нова слика за италијанската и пошироко – за европската историја. Книгата првпат е објавена во март 2002 година во Италија. По третото издание, била бојкотирана од италијанските издавачки куќи. Моментално на италијански јазик книгата може да се најде единствено во понудата на најголемата белгиската издавачка куќа, „Вредната пчела“.

Иако приказната е фиктивна, многу од личностите и настаните се вистинити. Книгата се основа на истражувањата што ги спровеле Моналди и Сорти врз голем број ракописи и дела за опсадата на Виена и за Ато Мелани, познатиот италијански оперски пејач, кој бил и дипломат и шпион.

Дејството започнува на 11 септември 1683 година. Градот Рим е во неизвесност. Граѓаните чекаат информации за исходот од битката кај Виена, во која Отоманската Империја е пред портите на католичка Европа.

Во меѓувреме, една римска гостилница е ставена под карантин поради сомнежи од ширење на чума. Меѓу затворените е и мистериозниот Ато Мелани, шпион што му служи на францускиот крал. Со помош на едно момче, тој открива скришен премин што води до мрежа тунели под градот. Секоја вечер тргнуваат на следно талкање во римското подземје, кое ќе ги одведе до изненадувачки откритија во однос на другите гости на гостилницата, но и во однос на битката меѓу исламот и Западот.



Со темелно истражување и со брилијантна замисла, историскиот трилер „Имприматур“ содржи воодушевувачки откритија криени со векови, кои буквално го приклештуваат читателот. Ова е трилер што фрла нова светлина на судирот на силите во Европа од XVII век, чии последици се чувствуваат до денес.

На крајот од книгата се наведени сите историски документи што авторите ги откриле во архивите, а кои претходно не им биле познати на модерните историчари, со кои ги потврдиле теориите за таен договор помеѓу Вилијам III и Инокентиј XI. „Имприматур“ предизвикала многу научници и професионални историчари да спроведат натамошни истражувања на темата.

Кога била првпат објавена во Италија во 2002 година, книгата предизвикала огромен број контроверзии. Романот станал европски бестселер, преведен на 20 јазици и објавен во 45 држави. Досега се продадени повеќе од милион примероци

На промоцијата во петок читателите ќе имаат ексклузивна можност одблиску да ги запознаат овие исклучителни луѓе и големи автори, Рита Моналди и Франческо Сорти, брачната двојка што стои зад трилогијата составена од „Имприматур“, „Секретум“ и „Веритас“.

Моналди и Сорти живеат на релација Виена–Рим со своите две деца. Рита дипломирала класични студии, а специјализирала историја на религиите. Франческо Сорти дипломирал музикологија. Специјалист е за XVII век. Работеле и како новинари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби