Суспендиран поради коментари на Facebook

Факултет во Северна Каролина суспендираше свој студент поради коментарите кои ги оставил на Facebook, а се однесувале на новите карти за идентификација на факултетот.

Факултетот вовел нови картици за идентификација кои се така направени што можат да послужат како кредитни картички на финансиската компанија Higher One.

На Марк Бехтол, 37-годишниот студент воопшто не му се допаднала идејата за вакви картици, па на Facebook се пожалил велејќи дека факултетот воопшто не смее да дели приватни податоци за студентите со некоја финансиска компанија.

Сето тоа го нарекол агресивен маркетинг бидејќи, како што сведочи, со новите картици почнал да добива и e-mail пораки во кои се нудат најразлични финансиски услуги.

„Ги продава ли нашиот факултет нашите имиња на банките? Мислам дека треба да го регистрираме факултетот на сите познати порно страници, па после и тие нека добиваат понуди. Знаете ли некој добар вирус за да им го пратам?“, напишал Бехтол на Facebook.

После ваквиот коментар, на 4-ти октомври го избркале од предавањата и му рекле дека е суспендиран на два месеца, а притоа не го ни сослушале што има да каже во своја самоодбрана. Исто така, добил писмо од факултетот во кое стои дека неговите пораки на Facebook биле вознемирувачки и оти укажуваат на можност за одредени криминални дејствија против факултетот.

Во одбрана на студентот застана Foundation for Individual Rights in Education, која наведува дека во случајот со Марк Бехтол се крши првиот амандман од американскиот закон, бидејќи факултетот со казна реагирал на нешто што било очигледна критика. Тие исто така бараат студентот веднаш да се врати на предавања.

После сè, Марк јавно се извинил за своите зборови, по што му е дозволено да се врати на предавањата. Сепак, не смее да користи ниту еден компјутер на факултетот додека не им се пријави на надредените.

Во меѓувреме, Марк Бехтол се пријавил на друг факултет и очекува дека ќе биде примен.

Ова не е прв случај финансиските компании да дојдат до податоците од картиците за идентификација на студентите. На Facebook дури постои и група која се буни против ваквиот маркетинг, а се нарекува „Ignore the Higher One debit card offer“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби