На Универзитетот во Аризона, САД, на испитот по предметот хемија, професорот на своите студенти им поставил трик прашање, но еден од нив успеал да го надитри со давање на навистина интересен одговор.

Одговорот кој го добил од студентот бил толку „темелен“, што професорот не можел, а да не го сподели со колегите.
Прашањето гласело: „Дали Пеколот е егзотермичен (ослободува топлина) или ендотермичен (апсорбира топлина)?“
Повеќето од студентите дале образложенија користејќи го законот на Бојл (дека гасот се лади кога се шири, а топлината кога се компресира). За разлика од нив, еден студент го напишал следното:
„Најпрво, потребно е да знаеме како масата на Пеколот се менува со текот на времето. Затоа, мора да ја знаеме стапката по која душите влегуваат и стапката по која тие излегуваат од Пеколот, што веројатно е невозможно. Мислам дека сосема безбедно можеме да претпоставиме дека штом еднаш една душа ќе влезе таму, истата нема да излезе. Што се однесува до прашањето колку души влегуваат во Пеколот, ајде да ги погледнеме различните религии кои постојат денес во светот.
Повеќето од овие религии проповедаат дека доколку не сте член на истата религија, ќе горите во Пеколот. Со оглед на фактот што постои повеќе од една таква религија, како и на фактот што луѓето припаѓаат на повеќе од една религија, можеме да заклучиме дека сите души одат во Пеколот. Со актуелните стапки на наталитет и морталитет, можеме да очекуваме дека Пеколот се зголемува експоненцијално.
Сега потребно е да ја видиме стапката на промена на волуменот на Пеколот, затоа што Бојловиот закон тврди дека за да можат температурата и притисокот во Пеколот да останат исти, волуменот на Пеколот мора да расте пропорционално со бројот на души кои влегуваат таму.

Ова ни дава две можности:
1. Доколку Пеколот се шири со помала стапка од онаа со која душите влегуваат таму, тогаш температурата и притисокот во Пеколот ќе се зголемуваат сè додека истиот не експлодира.
2. Доколку Пеколот се шири со поголема стапка од порастот на души во него, тогаш температурата и притисокот ќе опаѓаат сè додека Пеколот не премрзне.
Па, која од овие две опции е поверојатна?
Доколку го прифатиме постулатот кој ми го даде Тереза за време на првата година од студиите – „Ќе биде студен ден во Пеколот пред да спијам со тебе“, како и доколку го земеме во предвид фактот дека со неа спиев синоќа, мора да е точна претпоставката под број 2, што значи дека тврдам дека Пеколот е егзотермичен и дека веќе има премрзнато. Крајниот заклучок од оваа теорија гласи: тоа што Пеколот е веќе премрзнат подразбира дека истиот повеќе не дозволува влез на души, што значи дека постои само Рајот, што го докажува постоењето на Божеството. Тоа, пак, појаснува зошто синоќа Тереза постојано врискаше „Ох, Господе!“ “
Што мислите, каков фидбек добил овој студент од професорот? 10 +, се разбира!