Мртво куче на стап: Терор, насилство врз животните и смрт на Вевчанскиот карневал!

Вевчанскиот фестивал со години е една од најдобрите манифестации кои што се случуваат во Македонија. Сепак, годинава се случија морбидни работи кои и тоа како ќе го засенат целото добро што се случи на карневалот.

Имено, денеска на фан страницата на Анима Мунди на Facebook излезе соопштение и фотографии од кои ќе ви смрзне крвта. Мртво куче кое се уште имаше снег на крзното врзано на стап, бодење на живи кокошки на вили... Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Згрозени сме од фотографиите и информациите добиени за Вевчанскиот карневал, кои без дилема покажуваат дека за време на истиот се овозможил садизам и толерирало насилство врз животните!

Најостро го осудуваме злоупотребата , мачењето на животните кое се случи на улиците на Вевчани, за кое ни сведочат бројни потресени граѓани и приложуваат слики.

Кокошки наденати на вили, живи преплашени кокошки врзани за екстремитетите и фрлани во воздух како да се топки а не живи битија; обезглавена живина; труп на убиено куче заврзано за екстремитетите како плен, влечкано и мавано од толпата за да се прикаже пагански ритуал; живо куче со заврзани очи влечено (приморувано) да оди во толпата народ, иако од превезот не гледа ништо и јасно покажува паника, стрес и уринира од страв; натоварени магариња, коњи приморувани да одат во толпата, тепани доколку не сакаат да продолжат; обезглавени зајаци!

Шокирани сме што наместо уметност, досетливост, хумор и сатира, Вевчани овозможи и истолерира насилство, страв и крв, безумие! Уметноста која секоја година ја прикажува најстариот карневал во нашата држава со кој без исклучок сите се гордеевме е засенета, засенета е бидејќи газеше по животи, бидејќи ја обезвредни слободата на животните и нивните права загарантирани и со закон! Ова не е здрав хумор и ова не го прават здрави луѓе туку девијантни лица –со тоа карневалот не прикажа како дивјаци и насилници кои не се користат со уметност и маски туку во недостиг од имагинација посегаат по животи, стојат инертни пред стравот, болката на животните, смртта на животните, се подсмеваат!
ДA СЕ ОСУДАТ ЈАВНО ОД СТРАНА НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ И КАЗНАТ  ОНИЕ КОИ ГИ МАЧЕА ЖИВОТНИТЕ НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби