Интересни факти за поларните мечки

Со оглед на екстремно ниските температури кои ги имаме изминативе денови, секој од нас се чувствува како ова поларно животно, па затоа сега е идеално време да дознаете нешто повеќе за нив.

Поларните мечки се фасцинантни животни. Не само што се најголемите предатори во светот, туку и се едни од најенигматичните. Истражувачите веруваат дека поларните мечки може да се исто толку интелигентни колку и мајмуните, со оглед на тоа што се способни да учат и да го приспособуваат однесувањето во согласност со предизвиците на животната средина.

Нивниот животен век во просек изнесува до 25 години. Луѓето се единствениот предатор на овие животни. Загадувањето создадено од човекот е причина за смрт на многу поларни мечки, а глобалното затоплување е сериозна закана за истребување на овој извонреден животински вид.

Возрасните мажјаци достигнуваат висина до 3 метри и тежат над 600 килограми. Возрасните женки најчесто тежат околу 250 килограми, нивната висина изнесува околу 2 метри, а почнуваат да се размножуваат од нивната 4-та година. Поларните мечиња тежат околу 400 грама кога ќе се родат.

Тие се одлични пливачи. Всушност, толку многу време поминуваат во вода што некои научници ги нарекуваат водни цицачи. Заради анатомијата на нивните шепи, тие успешно веслаат во вода и можат да испиваат и до 160 километри наеднаш, а нивната просечна брзина на пливање изнесува 9,6 километри на час.

Нивната основна исхрана се фоките. Поларните мечки исто така се хранат и со риби и понекогаш со птици, но напорот кој треба да го направат за тоа ловење им троши премногу калории за да се заморуваат, па затоа тие се одлучуваат на таков подвиг само кога храната е дефицитарна.

Овие мечки се познати по нивните фрустрации заради неуспех да заробат плен. Тие нервозно удираат по мразот и по купови снег откако ќе го изгубат пленот кој се обидувале да го фатат.

Малите поларни мечиња учат да се замрзнуваат и да останат така мирни без да мрдаат додека нивната мајка е во лов. Доколку се помрднат, мајка им ги казнува со „шлаканица“.

Женките преферираат да прават засолниште во стар снег кој стои од претходните години, отколку во свежо паднат снег. Тие прават живеалишта со по неколку соби, а обезбедуваат дури и вентилација преку кровот.

Тие имаат опсесија да бидат чисти, заради што после секој оброк трошат 15 до 20 минути за да бидат сигурни дека нивното крзно е перфектно чисто.

Кога чувствуваат ризик од кршење на мразот, тие лазат на стомак и полека се движат кон посигурно тло.

За разлика од обичните мечки, поларните не хибернираат. Во случај на невреме тие се засолнуваат со малечките мечиња, но генерално поларните мечки продолжуваат да ловат и да јадат преку целата зима. Додека обичните мечки хибернираат, нивната телесна температура се паѓа на 0°С, а кога поларните мечки спијат во зима, нивната температура никогаш не се симнува под 31°С.

Уживајте во прекрасните фотографии на овие фасцинантни животни .



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си бил некој лудак во лудница. Му текнало да и напише писмо на мајка му и и напишал:
- Мамо овде во лудницава ни е добро. Секој ден одиме на базен. Сите мои другари скокаат на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Англискиот суд ја прогласи за виновна Ана...
1571.- Татарски освојуачи ја запалија Москва.
1767.- Џенова на Франција и го продаде островот...
1773.- Роден е австрискиот канцелар кнез...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби