Човекот сметан за „легенда“ на американската порноиндустрија, Рон Џереми се соочува со дополнителни 20 нови обвиненија за сексуален напад, покрај осумте претходни тужби од коишто за шест тој во јуни се изјасни невин.

Овој пат се работи за 13 жени и случаи кои вклучуваат и силување, присилен орален секс, содомизирање, содомизирање врз личност без свест и злоупотреба на 15-годишно девојче. Случаите датираат наназад до 2004-та година, а последниот се случил на 1 јануари 2020-та година.
Жртвите биле на возраст од 15 до 54 години. Рон Џереми (67), се соочува со доживотен затвор. Се очекува повторно негово појавување пред судот во Лос Анџелес во понеделник.