Наместо „Оскарите“ над осум милиони луѓе ја гледале „Последниот од нас“

Хит-серијата на „HBO“, „Последниот од нас“ (The Last of Us), со својата засега последна епизода достигна гледаност од 8,2 милиони луѓе. Бројката е уште повпечатлива и позначајна ако се земе предвид дека е постигната токму при ТВ-емитувањето на доделувањето „Оскари“.



Претходно рекордната, прва епизода при своето прво прикажување ја погледнале 4,7 милиони луѓе. Серијата, инаку, достигна вкупно, во просек, 30,4 милиони гледачи по епизода во оваа прва сезона, надминувајќи ги така дури и бројките на „Куќата на Змејот“.

Просечната оценка на ИМДБ е 9/10, од вкупно 304.000 гледачи кои ја оцениле серијата.

За потсетување, хоророт „Последниот од нас“ е адаптација на истоимената постапокалиптична видеоигра на „Плејстејшн“ од 2013 година. Приказната се случува 20 години по уништувањето на денешната цивилизација и го следи „одметникот“ Џоел (Педро Паскал), кој мора да „ја прокриумчари“ тинејџерката Ели (Бела Ремзи) вон зоната на карантин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...