Бред Пит наскоро во нов трилер

Режисерот на филмот „Конклава“, Едвард Бергер работи на нов филм. Станува збор за трилер според романот „The Riders“ (Јавачи) од 1994 година, од австралискиот писател Том Винтон. Според Семрежната филмска база на податоци, еднствениот засега потврден актер во проектот е Бред Пит. Останатите актери сè уште се избираат.



Тој, имено, треба да го глуми главниот лик Фред Скали. Снимањето треба да почне на почетокот на 2026 година и ќе се одвива на повеќе локации низ Европа. Филмот ќе биде финансиран и дистрибуиран од „А24“. Сценариото е на Дејвид Кајганиќ, напишано врз основа на книгата. Заплетот на романот го следи Фред, Австралиец кој се сели во Ирска со сопругата Џенифер и ќерка му Били, во купена стара селска куќа. Потоа животот на Скали се распаѓа по ненадејното и неочекувано исчезнување на неговата сопруга.

Засега не се знае датумот на кино-премиерата на филмот.

Инаку, неодамна беше официјално објавено дека Бред Пит ќе глуми во продолжението на „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood). Инаку, првиот филм од 2019 година, којшто му донесе „Оскар“ за споредна улога на Бред Пит, е режиран од Квентин Тарантино. Овојпат, откако ќе го напише сценариото за продолжението, Тарантино ќе му ја предаде режисерската должност на Дејвид Финчер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е максималната брзина за секс?
- 68. На 69 треба да се свртите.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...