Ламбе Алабаковски и „КАКО ПИРЕЈ“ за старт на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме“

„Браќа, сестри, Македонци, нема таква сила која може да нè раздели! Браќа, сестри, Македонци, како пиреј сечи, корни, нема да ја истреби...“ стиховите од песната што во далечната 1994 година на фестивалот Валандово ја отпеа легендарниот Гоце Николовски, сега е спакувана во ново руво и е во изведба на Ламбе Алабаковски.



А токму со новата верзија на легендарната македонска песна „Како пиреј“, во изведба на Ламбе Алабаковски и во аранжман на маестро Николче Мицевски, денеска и официјално започнува второто продолжение на омилениот проект „Македонијо во срце те носиме“.

Песната, која првично ја отпеа Гоце Николовски, добива современо руво, но го задржува својот дух и порака за единство и опстојност. Музиката и текстот на оригиналната верзија се дело на Гоце Николовски и Јован Павловски, а новата изведба претставува мост меѓу генерациите и музичкото наследство. Интересно за оваа композиција е дека истата веќе има две верзии, односно едната била отпеана на фестивалот Валандово во 1994 година, а другата е снимена на касета која валандовскиот фестивал ја издава истата година и е со мали разлики во изведбата.

Проектот „Македонијо во срце те носиме“, чија реализација е под капата на Скендеровски продукција, продолжува со истата мисија – да ја слави македонската музичка традиција преку современи аранжмани на добро познати народни песни. Изведувачи од народната и забавната сцена повторно здружуваат сили за да ѝ подарат на публиката ново музичко доживување.

До крајот на летото, љубителите на македонската музика ќе имаат можност да уживаат во сите композиции од проектот, кои ќе бидат објавувани последователно, во духот на мотото: Да ја обоиме Македонија со најубавите звуци!

Уживајте во „Како пиреј“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1577.- Во Зиген е роден Петар Паул Рубенс,...
1867.- Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело,...
1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски...
1919.- Во Версај, кај Париз, е потпишан договор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби