Дени Вилнев режисер на наредниот „007“ филм

Дени Вилнев, француско-канадски режисер номиниран за „Оскар“, ќе го режира следниот филм за Џејмс Бонд, објави „Амазон Ем-џи-ем студиос“ (Amazon MGM Studios).



Во соопштението на продукциското студио, Вилнев вели дека е „страствен обожавател на Џејмс Бонд“ и дека има намера да ги „почитува традициите“ на серијалот. Гласините за иднината на „007“ филмовите, инаку, се во пораст, откако долгогодишните продуценти Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон се повлекоа од своите улоги зад сцената на овие филмови во февруари. Вилнев, исто така, ќе биде извршен продуцент на новиот филм.

Продукцијата не откри податоци за следниот глумец што ќе го игра Џејмс Бонд во новиот филм.

- Пораснав гледајќи ги филмовите за Џејмс Бонд со мојот татко, почнувајќи од првиот - „Доктор Но“ со Шон Конери. Јас сум голем обожавател на Бонд. Тоа е „свето земјиште“ за мене. Имам намера да ја почитувам традицијата и да го отворам патот за многу нови мисии што доаѓаат, рече Вилнев.

Тој додаде дека со неговите колеги-продуценти Ејми Паскал и Дејвид Хејман „се возбудени што ќе го вратат Бонд на екранот“, а раководителот на „Амазон Ем-џи-ем“ - Мајк Хопкинс го пофали Вилнев како „филмски режисер“ и неговата способност да испорача „импресивно раскажување“ на гледачите ширум светот.

- „Џејмс Бонд“ е во рацете на еден од најголемите филмски режисери кои работат денес и едвај чекаме да почнеме со следната авантура на „007“, рече тој.

Сè уште не се знае кога ќе се прикажува следниот филм, бидејќи потрагата по глумецот-носител на насловната улога - продолжува. Британците Арон Тејлор-Џонсон и Џејмс Нортон се, неофицијално, меѓу главни кандидати, а се споменува и ирскиот глумец Пол Мескал. си/сд/



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1577.- Во Зиген е роден Петар Паул Рубенс,...
1867.- Во Аргиент е роден Луиџи Пирандело,...
1712.- Во Женева е роден Жан Жак Русо, француски...
1919.- Во Версај, кај Париз, е потпишан договор...