На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост.

Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција и врвна интерпретација. Заедно со квинтетот „МАКЕДОНИСИМО“ и специјални гости, Трпчески ќе нè однесе на патување низ музиката кое ќе ги надмине жанровите и границите.
По минатогодишниот фантастичен концерт во арена „Борис Трајковски“, кога Симон Трпчески ја наполни салата до последно место и ги остави присутните без здив, годинава тој се враќа со јасна причина за славење.
25 години врвна музичка кариера, исполнета со настапи на најпрестижните сцени, соработки со елитни оркестри и интерпретации што оставаат траен печат. Пат исполнет со непоколеблива посветеност кон уметноста, со страст што не згаснува и со визија што постојано се надградува. Јубилеј што сведочи за храброста да се остане верен на сопствениот израз, дури и кога тој го менува светот околу себе.
Настанот е во организација на „Прагма продукција“, а картите за истиот се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2, Јк травел во Бисер и Јк травел Дајмонд.
Линк за карти:
https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5672