Том Хенкс главен говорник на завршната свеченост на Харвард

Американскиот актер и двоен оскаровец Том Хенкс е именуван за главен говорник на завршната свеченост по повод дипломирањето на Харвард годинава на 25 мај.



- Том не само што е брилијантен актер, тој има и вродена емпатија и длабоко разбирање за луѓето. Тој придонесе за нашата национална култура и ја зголеми нашата способност да ги цениме личностите и настаните кои се заборавени... Вистински мајстор на својот занает!, истакна претседателот на Харвард, Лоренс Бекоу.

Меѓу претходните говорници на Харвард се и поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, починатиот активист за граѓански права и американски пратеник, Џон Луис, како и режисерот Стивен Спилберг.

Том Хенкс (66) зад своето име има речиси стотина филмови. Бил шест пати номиниран за „Оскар“, а престижната награда за најдобар актер ја доби за улогата во филмовите „Филаделфија“ во 1993. и „Форест Гамп“ следната година. Хенкс е познат и по својата филантропска работа, поддржувајќи го Националниот музеј на Втората светска војна во Вашингтон и служејќи како раководител на кампањата „Скриени херои“, којашто има за цел да ја подигне свеста за проблемите со кои се соочуваат старателите кои работат со ветераните.

По улогата на адвокат кој боледува од СИДА во „Филаделфија“, Хенкс стана поборник за подигање на свеста за оваа болест и оттогаш ги поддржува и Фондацијата за истражување на СИДА и Педијатриската фондација за СИДА „Елизабет Глејзер“.

Покрај „Оскарите“, тој е добитник и на бројни други награди, меѓу кои и наградата „Сесил Б. Демил“ за особен придонес во облата на филмот. Во 2016 година, претседателот на САД, Барак Обама му го врачи Претседателскиот медал на слободата, највисоката цивилна награда во САД. Таа се доделува за значителен придонес за националните интереси, светскиот мир, културни и други приватни и јавни цели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...