Холивудскиот актер, Николас Кејџ, толку се соживеа со улогата на Дракула во претстојниот филм „Renfield“ што и кога камерите не се вклучени, тој останува во улогата.

Режисерот на филмот, Крис Мекеј за „Insider“ откри дека работата со Кејџ на сетот била мошне интересна со оглед на тоа што тој постојано бил Дракула.
-После секоја сцена, тој 100% остануваше со истиот став и покрај тоа што камерите не снимаа, сподели Мекеј.
Кејџ пак откри дека и тој како Дракула пиел крв, но овој пат сопствената. Актерот се пошегува дека вештачките заби кои се дел од имиџот на Дракула биле толку остри, што во текот на снимањето честопати му се случувало да се повреди и да си пушти крв од устата.
Хорор комедијата „Renfield“ ќе ја има својата премиера на 14ти април, а ја раскажува приказната за Ренфилд, слугата на Дракула кој се обидува да ја прекине токсичната врска што ја има со својот господар.