Документарецот за Тупак доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм

Документарниот филм на „Еф-Екс“ за покојниот рапер Тупак Шакур, во пет епизоди, под наслов „Dear Mama”, доби номинација за „Греми“ за најдобар музички филм.


Документарецот го носи називот според истоимениот сингл на Тупак од 1995 година. Во режија на Алан Хјуз, серијалот го истражува животот на убиениот уметник и делумно оној на неговата мајка, покојната активистка Афени Шакур. Документарниот серијал се емитува на стрим-платформата „Hulu“.

Раперот, кој беше застрелан со пиштол и убиен во својот автомобил, во Лас Вегас, 1996., е еден од тројцата починати уметници кои минатата недела добија номинации во истата категорија. Другите двајца се Дејвид Боуви (со „Месечево дневно сонување“ (Moonage Daydream)) и Литл Ричард (со „Јас сум Сè“ (I Am Everything)). Боуви почина од рак во 2016., а Литл Ричард почина во 2020 година, исто така од заболување поврзано со рак. Литл Ричард никогаш не доби „Греми“ во животот.

А, другите номинирани се „Како се чувствувам сега“ (How I'm Feeling Now) за Луис Капалди и „Во живо од Париз - турнејата Биг степерс“ за Кендрик Ламар.

Номинацијата за серијалот за Тупак доаѓа во време кога случајот за неговото убиство и истрагата повторно се врати на сцена. Дуејн Кит Дејвис, познат како „Кефе Ди“, неодамна беше уапсен и се изјасни невин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...