Даниел нема шанси покрај мојот Лукијан!

Само ден не дели од финалето на X Faсtor и од прогласувањето на победникот на ова популарно музичко шоу.

Во интервју за Курир, Емина Јаховиќ, изјави дека цврсто верува во тоа дека нејзиниот Лукијан ќе биде победник на шоуто и покрај тоа што и нашиот Даниел Кајмакоски има фер шанси за победа.

-Се надевам дека Арена ќе биде полна и дека сите ќе уживаме во доброто шоу на нашите феноменални суперфиналисти! Мојот фаворит за победа е Лукијан затоа што верувам во своите момци уште од самиот почеток. Тој е комплетниот X Factor кој го бараме и се надевам дека публиката ќе го препознае тоа во суперфиналето, вели Емина.
Запрашана дали и Даниел го има истиот фактор, Емина додава „како што реков, цврсто верувам во Лукијан и неговиот триумф“ одбивајќи да коментира нешто повеќе за Кајмакоски.

Во однос на целиот скандал кој настана по исфрлањето на Илма и коментарите кои следеа потоа, пејачката смета дека ја донела вистинската одлука.

-Мислам дека реакцијата на Илма е потврда за она што го наведов и само ми ја зацврсти одлуката и уверувањето дека сум го направила правилниот избор. Кога ќе созрее и ќе знае што сака, ќе знае и да го контролира својот бес, да поднесе пораз стоечки бидејќи понекогаш и малиот пораз е најдобра лекција и спас од полошо. Не учи да бидеме трпеливи затоа што оваа работа е маратон, а не трка на 100 метри.

Во однос на Кристина Ковач, Емина изјавува дека иако не се на иста бранова должина, соработката била добра за шоуто.

-Мислам дека е ОК девојка, која има свој начин на работа и размислување и мошне е искрена и добра во менторската работа. Се разбира во музика, но ние двете не сме на иста бранова должина. Тоа е и потребно за улогата на жири во X Factor. Продукцијата на шоуто заврши одлична работа бидејќи целта им беше да имаат четири потполно различни уметници кои пред камерите ќе имаат сладок конфликт, вели Јаховиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Зошто некои мажи сакаат да присуствуваат на пороѓајот на својата жена ?

За да надоместат што не биле присутни при зачнувањето !!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби